Русија загрижена за ситуацијата во Македонија и големоалбанските претензии

Од:

Русија изразува голема загриженост поради послендите случувања во Македонија, ситуацијата во Косово која не влева оптимизам и искажувањето големоалбански претензии, изјави денеска во Белград рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Ја повикуваме Европската унија преку своето присуство на Балканот да обрне посебно внимание на тие многу вознемирувачки тенденции, посебно оние кои можат да се подвлечат под терористички концепт, изјави Лавров на заедничката прес-конференција со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, пренесува Танјуг.

Тој оцени дека нападите во Куманово се добро подготвени терористички акции. ЕУ, според него, не треба да зазема кукавички став дека станува збор за одделна епизода. – Убеден сум дека Брисел знае, но со тоа ја правдаат неефикасноста на сопствените напори, потенцира рускиот министер.

Тој истакна дека можеби и овде станува збор за менталитет на конфронтација, но потенцираше и дека има впечаток дека сето тоа се случува и во контекст на тоа дека Македонија одби да и воведе санкции на Русија и за подготвеноста на официјално Скопје да учествува во Турскиот тек.

– Не можеме да се оттргнеме на чувството дека постои некаква врска, нагласи Лавров.

Дачиќ, од своја страна рече дека идејата за албанско обединување на Балканот не наишла на позначајна осуда од Брисел и Вашингтон, што за последица има, како што рече, политички, но и некои други активности, како оние во Македонија.

– Не смеат да постојат двојни стандарди. Србија не ја интересира кој ќе владее во Македонија, нас не интересира политичката стабилност и безбедност, бидејќи таа е од значење за целиот регион, потенцира Дачиќ.

– Заинтересирани сме ОБСЕ да има активна улога на Балканот, потенцира Лавров, дополнувајќи дека изјавите за формирање Голема Албанија противречат на базичните принципи на ОБСЕ, пренесува ТАСС.

Истовремено, Лавров ја повика Европската Унија да го поддржи реализирањето на проектот „Турски тек“, кој ќе овозможи зајакнување на енергетската безбедност на Европа.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски