А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Руфи Османи: НДП ќе води цивилизирана кампања

by А1он21/02/2013 - 16:16119
Share0

Претседателот на Националната демократска преродба (НДП) и градоначалник на Гостивар, Руфи Османи, денеска имаше средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав.

Добивај вести на вибер

На средбата која се одвиваше во зградата на локалната самоуправа биле разменети мислења за политичката криза и за перспективите на земјава. Османи и Орав разговарале и за меѓуетничката стабилност, функционирањето на институциите врз начелата на правна држава, надминуавње на спорот со името и процесот на интергација на змејата во евро-атлантските структури.

Клучна тема на разговорите меѓу Османи и Орав биле претстојните избори, при што евроамбасадорот се интересираше за подготовките на НДП за изборната кампања и резултатите кои ги очекува оваа партија во општини каде што оваа партија ќе настапи со свои кандидати.

Османи, го запозна амбасадорот со алтернативите на НДП за надминување на проблемите кои произлегоа по инцидентите од 24 декември во македонскиот Парламент.

– НДП ќе води цивилизирана кампања и ќе се концентрира на промовирање на изборната платформа. Таа има за цел да ја унапреди децентрализацијата преку идеите и квалитетните кадри, нагласил Османи.

Според лидерот на НДП, коалицијата НДП и ДПТ како мултиетничка коалиција има за цел обезбедување и пристап до финансиски фонодви од Турција и турски инвеститори.

Османи од амбасадорот Орав побара да го искористи неговиот авторитет и да изврши притисок врз властите во земјава да обезбедат фер и демократски избори, со еднакви можности без притсоци, манипулации, уцени и насилство.

Соговорниците на крајот од средбата се согласиле дека претстојните избори ќе бидат сериозен тест за демократијата во државата и шанса која не смее да се пропушти и Македонија да направи позитивен исчекор кон интеграцијата во ЕУ и НАТО.

izbori

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски23/03/2026 - 07:3123/03/2026 - 07:31

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто