Руфи Османи: Мерко е синоним за криминализација на Струга

Од:

Претседателот на РДК и Градоначалник на Гостивар, Руфи Османи за А1 изјави дека актуелниот струшки градоначалник „Рамиз Мерко е синоним за криминализација во Струга“.

„Сите наши информации говорат дека тој кандидат не заслужува да добие трет мандат. Тој е најголемата пречка за развојот на Струга и е синоним за криминализација во општина Струга. Јас мислам дека албанската опозиција, но општо и целата опозиција во Струга ќе треба да најде заеднични јазик да се номинира една квалитетна личност која ќе отвори нови визии и нови патеки за институционален и коректен развој на Струга“ рече Османи.

Руфи Османи кажа дека Мерко во изминативе два мандати и нанел голема штета на Струга.
„Едноставно тој човек имаше два мандати и за тие два мандати нанесе голема штета на општина Струга.Ние во РДК размислуваме дека тој не заслужува подршка за трет мандат. Нашите сознанија говорат дека во ДУИ не постои квалитативна перфоманса за кандидирање на луѓето. Постојат некои други критериуми за кои јас не би сакал да зборувам “ рече Османи.

Целиот разговор со Османи во кој зборува и за коалиција со СДСМ и целата опозиција ќе го објавиме во 19 часот.

 

 

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски