RTK: Специјалниот обвинител ќе работи и на „кумановскиот случај“

Од:

Специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева ќе работи и на случајот со вооружената група во Куманово, односно лицата кои беа уапсени по кумановскиот инцидент во којшто загинаа осум македонски полицајци и десет членови на вооружената група, јавува Радио телевизија Косово.

Според косовската телевизија, обвинителите кои работеле на овој случај, по собирањето на доказите навестиле дека овој предмет ќе го дадат на натамошна обработка на специјалниот јавен обвинител.

Специјалната обвинителка разговарала за ова во средата со министерот за правда, Аднан Јашари.

Во судирот меѓу вооружената група и македонската полиција во Куманово на 9-ти и 10-ти мај, беа убиени 10 припадници од групата, а триесетина лица беа уапсени. Во дводневните борби во „Дива населба“ во Куманово загинаа осуммина македонски полицајци.

Специјалната обвинителка во вторник даде свечена заклетва и најави дека за еден месец со својот тим ќе ги преземе случаите кои се во нејзина надлежност.

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда