• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

РСБСП со препораки за велосипедистите

by А1он27/05/2015 - 11:12110
Share0

Мај е традиционално месец на велосипедисти во Македонија. Велосипедот е најеколошко, најздраво, и најекономично возило, за кое не треба никаква возачка дозвола или полагање, но сепак е потребно да се познаваат и почитуваат правилата и прописите за безбедно учество во патниот сообраќај.

Добивај вести на вибер

Од Републички Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБС) на патиштата посочуваат дека велосипед на пат може да управува лице кое наполнило 10 години возраст.

Во случај кога нема изградена велосипедска патека, велосипедистот е должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека, тогаш тој е должен да се движи по велосипедската патека односно лента.

Кога велосипедистите се движат по велосипедска патека, односно лента тогаш тие несмеат да се движат со брзина поголема од 25 километри на час.

Велосипедистот е должен да го управува велосипедот на начин на кој не се намалува стабилноста на велосипедот и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот.

Велосипедистот може да превезува други лица само ако на возилото постојат посебни седишта.

Деца до 14-годишна возраст несмеат на велосипед да превезуваат други лица.

Велосипедистот за време додека управува со велосипедот несмее да води животни.

Велосипедистот не смее на велосипедот да превезува лице кое е под дејство на алкохол.

Велосипед не смее да се вози по автопат, освен за време на организирани настани, со соодветна придружба.

Велосипедистот и лицата кои се превезуваат со велосипед не се обврзани да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Но, гледано од аспект на пасивна безбедност препорачливо е за време на возењето да се носи заштитен шлем.

– Никогаш немојте да заборавите дека во случај на судир со друго возило, вие немате еден тон метал да ве заштити, ниту заштитен појас, воздушни перничиња… Затоа возете интелигентно, посветено и концетрирано. Тоа е најдобар начин да избегнете ситуации кои би го загрозиле вашето здравје и живот, велат од Републички Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

patistarsbs

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Горан Наумовски02/12/2025 - 10:52

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он21/10/2025 - 16:4021/10/2025 - 16:24

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски01/09/2025 - 14:57

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 12:14

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Горан Наумовски14/01/2024 - 08:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен