• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

РСБСП повикува на одговорно учество во сообраќајот за време на празниците

by А1он08/09/2017 - 11:2597
Share0

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на сите граѓани на Република Македонија им го честита празникот на независноста „ 8-Септември“ и повикува на одговорно учество во сообраќајот и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација.

Добивај вести на вибер

Од РСБСП информираат дека според билтенот на МВР моментите наменети за одмор и славење многу често се претвораат во семејна трагедија која остава долги и фатални последици.

– Периодот од јуни до септември во светот е познат како 100-те најцрни денови на патиштата. Неофицијалните статистички податоци покажуваат дека од почетокот на годината 91 лицe го загубиле животот во сообраќајни незгоди на патиштата во Република Македонија, од кои 48 лица во првите 6 месеци и дури 43 лица во јули и август, се наведува во соопштението.

Анализите и статистиката покажуваат дека за време на продолжен викенд посебно е голем бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од само еден учесник во сообраќајот, односно излетување на возилото од коловозот поради брзо возење, возење под одвлечено внимание или поради возење под дејство на алкохол. Комбинацијата од сите три фактори, како што посочуваат од РСБСП, речиси секогаш е фатална. Неправилното пристигнување и недржење страна и правец на движење исто така спаѓаат во групата на водечки причини за сообраќајни незгоди од посериозен карактер.

– Пред нас е уште еден продолжен викенд и уште еден предизвик и искушение кога е во прашање безбедноста во сообраќајот. Токму затоа, РСБСП повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да внимават на правилата за ограничување на брзината, да не престигнуваат неправилно и да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол, истакнуваат од РСБСП.

patista

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Горан Наумовски02/12/2025 - 10:52

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он21/10/2025 - 16:4021/10/2025 - 16:24

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски01/09/2025 - 14:57

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 12:14

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Горан Наумовски14/01/2024 - 08:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен