Роза, Солза и Љубица не се откажуваат од пратеничките фотелји

Од:

Во среда треба да се верификуваат поднесените оставки на пратениците на СДСМ и опозицијата. Наместо 34-ца, само за 31, изборите беа нелегитимни и фалсификат и затоа бараат техничка Влада.

Роза Топузова – Каревска од ЛДП повлече нога, а по неа и Солза Грчева и Љубица Буралиева од СДСМ, според некои медиуми, поднеле барање до Собранието за повлекување на оставките..

И сите овој чекор да не го почитуваат партискиот став го објаснуваат со желбата опозициските ставови да ги бранат институционално, во Собранието.

Љубица Буралиева, долгогодишен новинар во МТВ, која беше 4-та на листата во Изборната единица 4, како колешките не го избриша ФБ профилот и напиша:

ljubicaB

„Борбата е јасна и недвосмислена, но, демократскиот предзнак на политичката опција на која што и припагам и која ми даде доверба за да ја барам пак довербата на граѓаните , подразбира и слобода на размислување и лични ставови во однос на конкретни потези до единствената цел. Одлуката на највисоките органи на СДСМ за бојкот и неприфаќање на изборните резултати безрезерво,без трошка дилема ја поддржувам ( став на 33-та пратеници на здружената опозиција), но вонинституционалниот облик, формата на бојкот за мене е неприфатлив (личен став што го изнесов и на почетокот кога за тоа имавме можност, по веќе донесената одлука на највисоките партиски тела)“.

Солза Грчева, професорка на ФОН, соевтник на Груевски за проектот за компјутеризација на образованието, дресот на ЛДП го замени со нов на СДСМ и на изненадување на сите се најде на 6-та позиција на пратеничката листа во првата изборна единица. Таа не се откажува од пратеничката функција, смета дека со „крвава работа“ си го заслужила местото.

Роза Топузовска Каревска од ЛДП, се сокри од партијата и лидерот, го избриша ФБ профилот, на телефон не е достапна за никого и чека да влезе во Собранието за да дејствува опозициски. Лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски јасно и порача дека приказната со неа е завршена и во Законодавниот дом да си ги брани сопствените ставови, но не и на ЛДП.

Трите пратенички забораваат дека мандатите ги добија нивните партии, бидејќи со пропорционалниот изборен модел и со затворените листи се гласа за партија а не за личности.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски