Росоман најпогодна локација за регионална депонија во вардарски регион

Од:

Росоман е најпогодна за регионална депонија во вардарски регион, ова го покажале направените анализи информира за МИА росоманскиот градоначалник Бранко Јанев.

– Уште пред да дојдам на оваа функција, во регионот биле разгледувани 12 опции за депонија. Освен Росоман, во игра биле и Велес, кај Уланци во општина Градско и неколку локации во Неготинско, од левата страна на реката Вардар. Во финална фаза останале три локации, меѓу кои и нашата. Росоман е најдобриот избор, според Студијата за регионален центар за отпад, направена со европски пари, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, појаснува Јанев.

Според него, изградбата и почетното функционирање би чинело триесетина милиони евра, обезбедени пари преку европските фондови.

– Сега Советот на општина Росоман треба да донесе одлука со која надлежностите над управувањето со Центарот за управување со отпад ќе ги префрли на државно ниво. Останатите општини од регионот донесоа такви одлуки, но тие не се толку засегнати од проблемот како Росоман. Веќе имавме информативна средба со појаснувања за Центарот, на која присуствуваа советниците од Советот и претставници на Министерството. За волја на вистината, морам да кажам дека предрасуди има. Постои страв од загадување на подземните води кои водат до земјоделските површини, иако ни беше објаснето дека таквиот страв е многу повеќе реален со постоечките диви ѓубришта, отколку при модерен Центар за управување со отпад, соопшти Јанев.

Тој нагласи дека се залага за јавна и транспарентна постапка. Следува јавна расправа на која росоманци ќе можат да кажат забелешки.

Локацијата за регионална депонија е над постоечката, кај селото Крушевица и брзиот пат Градско-Прилеп.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Орце Костов

Саниран проблемот со системот за наводнување Макарија, од утре земјоделците од Росоман ќе имаат вода

Росоманец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопругата

А1он

Овоштарите од Росоманско ќе добијат обесштетување поради мрзнењето на овошките

А1он

Жителите на Сирково побараа помош од градоначалникот на Росоман за да добијат приклучок кон патот Градско-Прилеп

Ана Ололовска

Полицаец и полицајка повредени во сообраќајка во Росоман

А1он