Рокот за пријавување на штетите од поплавите истекува во петок

Од:

Жителите можат да пријават штети од поплавите до петок, информираат од Владата.

-Информираме дека краен рок за пријавување на настанатите штети (на недвижниот имот, движниот имот, моторните возила, земјоделските површини и сточниот фонд) од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, за оштетените од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Економија, Ченто, Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Булачани, Раштански пат, Смилковци, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Шипковица, е петок (2 септември 2016 година) заклучно со крајот на работното време во 16:30 часот.

Сите лица од горенаведените населени места кои досега ги немаат пријавено штетите од поплавите кои се случија на 6 август 2016 година, истото може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство во Гази Баба и Тетово, заклучно со 16:30 часот во петок, 2 септември 2016 година, информираат од Владата.

Би можело да ве интересира

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица