Родово одговорно буџетирање во Општина Аеродром

Од:

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, вчера го потпиша меморандумот за соработка со телото на Обединети нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), со што Аеродром станува родово сензитивна општина, општина со еднакви шанси за сите.

Преку меморандумот за соработка со агенцијата на Обединетите нации Општина Аеродром ќе добие стручна помош и поддршка за воведување родово одговорно буџетирање, како еден од предусловите за членство во Европската Унија, како на национално, така и на локално ниво.

Соработката со оваа организација ќе се однесува во однос на воведување на родовата перспектива во локалните програми, нивно спроведување и следење преку примена на родово одговорно буџетирање, напредување во состојбата на жените и мажите на локално ниво, како и размена на искуство на државно и регионално ниво и учење од добрите практики од другите европски градови.

Би можело да ве интересира

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски