Продолжува одбраната на паркот кај хотел „Бристол“ каде што во неделата во раните утрински часови беа исечени дрвјата, а вчера на истото тоа место општина Центар засади нови дрвца.
„Вчера засадивме нови дрвца на местото на старите, сега треба да се грижиме за нив. Донесете ги вашите деца на дружење денеска во 6 во паркот до Бристол. Ќе поделиме пиштоли на вода и ќе ги полеваме новите садници. Придружете ни се“, стои во повикот на настанот насловен како „Родителска кај Бристол“, чиј почеток е закажан за 18 часот.