(ВИДЕО) Родителите на исчезнатите Пино и Арбен го обвинуваат МВР за неажурност во потрагите

Од:

Исчезнатите Пино Секондо и Арбен Аслан пред неколку недели биле барани со нуркачи во Смилковско езеро. Всушност, ова е единствениот детал кој родителите го добиле по исчезнувањето на нивните синови.

Тие на денешниот протест пред Владата изјавија дека МВР не е ажурна во потрагите, инспекторите и натаму не контактираат со нив, а „нема и никакви одговори за тоа што е направено досега, во овие 110 дена од исчезнувањето“.

„Барам министерот Спасовски да излезе и јавно да каже се. Пред три недели се бараа децата во Смилковско езеро. Јас кажав дека тоа не е потребно, оти знам дека мојот син не е таму и тоа е губење време. Инспекторот не е тука, зел слободни денови. Надлежниот од Службата за исчезнати лица е на одмор. Сега ќе чекаме тие да се вратат, па да видиме дали ќе ги најдат децата. Прегледани се снимките, нема ништо од нив. Овде некој нешто крие”, вели Маја Трпковска, мајка на Пино Секондо, која очајно, со месеци, го бара исчезнатиот син.

Мајката на Пино има пријава за вознемирување од Заев оти му праќала пораки.

„Не се ни јавија да кажат информации од пребарувањето во Смилковско езеро. Син ми заминал со туѓо возило. Има само снимка кога влегува во колата. Два месеци се работи таа снимка зошто е темна, ама ништо не направија. Го повикувам МВР да не штити никого. Телефонот на мојот син, спрема листинзите, е најден со сигнал кај Јане Сандански во Аеродром. Последена активност на телефонот му била во 22 часот”, вели Бекир Аслани татко на исчезнатиот Арбен Аслан.

Понудена била помош од Италија, но МВР одбило. Мајката на Пино, Маја Трпковска, прашува зошто ако не можат да го најдат моето дете, не прифатат помош од Италија.

Пино Секондо пред да исчезне излегол од дома со автомобил „шкода фабија“ со регистарски таблички SK 1566 AP. Арбен Аслан е исчезнат од 23 јануари годинава, а последен пат е виден како влегува во нечие возило, кое се уште не е пронајдено.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Апелација и намали три години од казната на Ангела, осудена за убиството на Пино

Мајката на Пино бара доживотен затвор за осудената: Не застанувам тука

Кристијан Ландов

Повторно досудени 19 години за убиството на Пино, адвокатот на Ѓорѓиевска тврди дека е без докази

Кристијан Ландов

Мајката на Пино по одлуката на Апелација: Вода во пустина ќе најдеш ама правда во Македонија тешко

Кристијан Ландов

Укината 19-годишната затворска казна за убиството на Пино, Апелација одлучи дека има погрешно утврдени факти

Кристијан Ландов

Соизвршителката на убиството на Пино осудена на 19-годишна затворска казна

Кристијан Ландов