Родителите на децата кои учат во струшко Калишта не му веруваат на Сафет Незири

Од:

Родителите на децата кои учат во училиштето „Браќа Миладиновци“ во струшкото село Калишта, во посетата на заменик министерот Сафет Незири гледаат друга заднина. Тие не се задоволни од ветувањата на министерот.

„Како што јас гледам овие овде се дојдени да го затворат ова школо. Ние баравме реновирање, а тие велат ново. Овде е голема игра за да се затвори ова училиште и децава да ги однесат во Струга. Иско како што се случи и во Подгорци“, вели родителот Урим Неструфи.

„Не се сложуваме со министерот, дека децата можеме да ги носиме во други училишта. Ние нема да ги пуштаме децата од ова училиште, па макар и да не учат“ рече претседателот на Советот на родител, Менди Алуши.

„Училиште како во струшко Калишта, нема ниту во Европа“, рече заменик министерот за образование Сафет Незири. Тој денеска ескпресно го посети ова подрачно училиште, откако беше објавена сторијата дека 24 ученици учат во повеќе од мизерни услови.

„Човек може да се наежи од она што го гледа и од оваа состојба во која учат децата. Ова го нема ни на Африка, а не во Европа. Ние сега ќе отпочнеме со сите процедури, законски предвидени постапки, што е можно побрзо да направиме проект и да ги внесеме во програмата за изградба на нови училишта.“, вели заменик министер за образование, Сафет Незири.

„Сакаме да им излеземе во пресрет на родителите и на децата за да можат учат во нормални услови. Ние навиваме за ново училиште, затоа што имаме услови, темели, столбови и затоа би отишле на таа варијанта, отколку да инвестираме во старото училиште и старата градба, која не држи ништо“, вели Џејми Хајредини, раководител на секторот за образование во Струга.

Министерот Незири рече дека ќе направат напори да биде изградено ново училиште, и оти ова прашање ќе биде ставено во програмата на министерството и владата за изградба на нови училишта

Мики Трaјковски

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска