Родителите и полицијата во кaфулињата во Крива Паланка

Од:

Мешани патроли од полициски службеници и родители синоќа направија обиколка на најпосетуваните места за ноќна забава на малолетниците во Крива Паланка.

За учество во мешаните патроли беа поканети родители на 15-тина малолетници евидентирани во Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка како учесници во малолетничко престапништво, членови на Советот на родители при училиштата во градот, како и претставници од социјалните служби од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, Крива Паланка.

– Целта на овој проект кој втора година се спроведува на подрачјето на СВР Куманово и на територијата на ПС Крива Паланка е посета на ноќните локали, барови, ресторани, паркови и останати места на отворено каде младите се собираат во вечернте часови и не ретко консумираат алкохол, цигари, а во последно време, за жал, во Кривопаланечко и злоупотретбуваат наркотци. Со мешаните патроли родителите се соочуваат со реалната состојба на терен, за тоа каде и со кого нивните деца го минуваат времето и каде доаѓаат во допир со недозволените супстанци кои се причинители за нивното лошо социјално поведение, рече Стојмир Стефановски, виш инспектор за превенција во ПС Крива Паланка.

Стојча Тодоровски, социјален работник, како стучно лице го поздрави проектот истакнувајќи дека од особена важност е вклученоста на родителите бидејќи семејството е најважен агенс за воспитувањето и правилен развој на младите.

– Токму друштвата во кои гравтираат, средината, недоволната социјализација и слабата контрола од страна на родителите се главен предуслов за појава на девијантни и асоцијални појави кај младите ки се почесто стануваат деца во ризик. Ваквите проекти треба да вклучат зачестени патроли, а родителите сериозн да го сфатат овој проблем, за подобра превенција и добро на нашите деца, изјави Тодоровски.

Мешаната патрола беше спроведена во периодот од 21 до 24 часот вечерта. Истата нагласи Стефановски, е дел од годишната програма на ПС од Крива Паланка, според која предвидено е одржување на уште една во текот на наредниот месец, а како што рече, доколку родителите пројават интерес, ќе бидат реализирани поголем број патроли.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет