Роденденски честитки и негодувања за доцнење на седницата во Собрание

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше за доцнењето од половина час на седницата за пратенички прашања. Според кооординаторот Драган Данев, тоа е неодговорно однесување на пратениците од владејачкото мнозинство.

„Пола час доцни седницата, колеги пратеници вие сте непрофесионални и ги потценувате интересите на граѓаните. Владата и парламентарното мнозинство се неодговорни пред граѓаните“, рече Драган Данев, кој негодуваше и за тоа што седницата за пратенички прашања се одржува во исто време со Комисијата за еврпски прашања.

Премиерот Зоран Заев, дојде порано и чекаше да почне седницата, реагираше собранискиот спикер Талат Џафери, кој додаде дека тоа е добра пракса зашто досега не се случило такво нешто во македонското Собрание.

„Јавноста знае дека јас сум точен во повеќе случаи, но денеска имав службени работи. Не седев во канцеларија. И јас сум човек и можам да доцнам половина час“ објасни Џафери.

Џафери образложи дека седницата не се одржа последниот четврток од месецот, поради отсуство на премиерот кој беше во Брисел. Пред почетокот на седницата, Џафери јавно му го честита роденденот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он