Робовалиев: Во центарот на Скопје се гради незаконски, а градоначалникот на Центар не презема ништо

Од:

Васко Робовалиев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека фирма-инвеститор гради во Маџир Маало во време кога градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ со одлука на Совет вовел мораториум.

– Она што е најскандалозно и деновиве можевме да го видиме во медиумите поткрепено со докази кои ги објавија, инвеститорот неколку месеци градел пред да добие градежна дозвола. Според документите кои ги објавија медиумите може да се види дека одобрението за градба е издадено на 30.01.2018 година од страна на градоначалникот Саша Богдановиќ, цел месец после воведување мораториумот за градба, а според сателитските слики може да се види дека парцелата се подготвувала за градба и се вршеле активности неколку месеци претходно. Се работи за огромен објект со милионска вредност од неколку илјади квадрати. Во центарот на Општина Центар и срцето на град Скопје, рече Робовалиев.

Тој изјави дека вакви скандали со незаконски граби не се случувале ниту на дивиот запад пред неколку векови, а не пак во строгиот центар на главниот град на една држава.

– Зошто општината и градоначалникот Саша Богдановиќ молчат за овој огромен скандал? Дали градоначалникот веќе испратил инспекциски надзор и што е извештајот од записникот на инспекцискиот надзор? Граѓаните се прашуваат дали доколку навистина овој објект се гради незаконски ќе биде срушен од страна на општината и дали некој ќе сноси одговорност за овој скандал? Дали градоначалникот Саша Богдановиќ лично ќе сноси одговрност за овој скандал и ќе одговара? Воедно, во меѓувреме ги повикуваме државните градежни инспекциски служби, да излезат на терен и да ја констатираат моменталната состојба. Градоначалниче, граѓаните ги очекуваат вашите одговори, а и вашата одговорност за овој скандал, рече Робовалиев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал