Робовалиев: Голем дел од жителите на Маџир Маало се уште користат септички јами

Од:

Васко Робовалиев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека Маџир Маало, во општина Центар било место заборавено од Жерновски и СДСМ кое наликувало на сцена од средновековен филм, каде шт обиле ветени многу проекти, но ништо не било реализирано.

– Маџир Маало е пример за лажните ветувања на Жерновски и СДС. Маџир Маало е типичен пример како СДС се однесува со локалната самоуправа, откако ќе ја добие довербата на граѓаните. Маџир Маало преставува срце на општина Центар, која е срцето на Скопје, во Маџир Маало се живее без канализација и без развиена инфраструктура, и тоа во 21 век. Жерновски и СДС 4 години по ред ги лажат граѓаните на Маџир Маало. На 24.03.2016 година, Жерновски ветуваше градежна акција „нова пролет, нова офанзива“, во која жителите на овој дел од општината би добиле комплетна инфраструктура, ќе се реконструираа три улици, со водовод, канализација и атмосферско одводнување. Денес година ипол потоа, ништо од ветеното не е ни отпочнато, рече Робовалиев.

Тој праша дали надлежните знаат дека во Маџир Маало голем дел од жителите се уште користат септички јами.

– Жерновски и СДС треба да одговорат каде одат 23 милиони евра годишно од буџетот на општината кога ни мал дел од тие пари не се одвоија за решавање на овој горлив проблем на жителите на Маџир Маало. Дали СДС и Жерновски знаат дека во Маџир Mаало дури и при најмал дожд пониските спратови на поголем дел од куќите се поплавени, токму како резултат на недостигот на канализација?, запраша Робовалиев.

Тој додаде дека СДСМ и Жерновски 4 години биле на власт во општина Центар и немале направено ништо за решавање на овој проблем.

– За ваквата неработа, неодговорност и неажурност на 15-ти октомври центарци ќе му кажат не на Жерновски и СДС и никогаш повеќе нема да дозволат да бидат прелажани од СДС.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство