Ристовски: Ништо не вреди колку човечки живот

Од:

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски рече дека најголем дел од работодавачите веќе ги почитуваат препораките на Министерството и го прекинале работниот процес во најтоплиот дел од денот.

„Елементарно човеково право е да се работи во нормални услови за работа. Не можеме да ги промениме факторите кои влијаат на условите на работа на отворено, но затоа пак можеме да ја промениме свеста на работодавачите да ги заштитат работниците од топлото време затоа што ниедна улица, булевар, водовод, објект не вреди повеќе од еден човечки живот“, изјави Ристовски.

Казните за непочитувачите се од 5.000 – 8.000 евра за правниот субјект и од 500-1.000 евра за одговорното лице на правниот субјект.

 

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција