Ристовски: Како можам да правам план за упад во Собранието со луѓе што не ги ни познавам?

Од:

Спиро Ристовски, поранешниот министер од Владата на ВМРО-ДПМНЕ на денешните воведни зборови пред судот, а во врска со обвинението дека е еден од организаторите на „крвавиот четврток“ рече дека тој не се ни познава со дел од обвинетите.

„Никола Бошковски не го познавам воопшто. Никогаш немам искомуницирано. Со ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски сум имал само 2-3 службени средби, а и со Трајко Вељаноски средбите биле во домен на работата. Не ми е јасно како обвинителството може да верува дека сме направиле некаков план. Нека се извадат листинзи од последниве 10 години, да се види дека комуникацијата со овие луѓе ми била нула, рече Ристовски.

Тој додаде дека никогаш не присуствувал на состанок или средба на кој се разговарало за упад во Собранието.

„Јас немав никакви службени овластувања. Ниту сум учествувал во организација ниту пак сум мобилизирал членство да тргне кон Скопје”, рече тој.

На обвинителна клупа за организација на настаните од 27 април се експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски како и ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски.

Тие се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а за бегалците – експремиерот Никола Груевски и Никола Бошковски од УБК постапката беше запрена до нивно пронаоѓање, бидејќи едниот избега во Унгарија, а другиот во Грција.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски