Ристовски бара максимална казна за сторителите на сексуална злоупотреба на деца

Од:

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска побара максимална казна затвор за таткото кој сексуално го злоупотребувал своето четиригодишно машко дете од Кочани.

– Мојот став е непроменет. И во овој случај како и во сите претходни случаи барам од судовите максимална казна затвор за сторителот на ова кривично дел, изјави Ристовски одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција.

Според него, ова е типичен пример преку кој може секој да се увери дека не станува збор за никакво нарушување на семејниот или личниот интегритет на овие сторители, туку дека се работи за луѓе кои немаат никакви елементарни чувства кон децата.  – Уште пострашно е што во конкретниов случај говориме за сексуална злоупотреба на своето биолошко чедо, нагласи Ристовски.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера  мајката во Полициската станица во Кочани пријавила дека поранешниот сопруг (44) од Кочани сексуално го злоупотребувал нивниот малолетен син. Таткото на детете е приведен и задржан, а заедно со поднесената кривична пријава ќе биде изведебн пред надлежен истражен судија.

Би можело да ве интересира

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Хрватски пејач осуден за детска порнографија

Музичарот педофил претепан и избоден во затвор: „Го држеа како заложник шест часа“

Предраг Петровиќ

Карлос Сантана: Му простив на човекот кој сексуално ме злоставуваше кога бев дете

(ВИДЕО) Се повеќе случаи на педофилија и силување малолетници – Безбедни ли ни се децата?

На адресите ширум Србија пристигнуваат спам мејлови за педофилија: Не отворајте ја поштата

А1он