Ристовски: 550 нови вработувања со владин проект

Од:

Од денеска невработените лица и фирмите можат да аплицираат во Агенцијата за вработување за користење на средства од владиниот проект за кредитирање микро и мали претпријатија со отворање нови работни места, наменет за проширување на сопствен бизнис. Со 100 милиони денари од државниот Буџет за кредитирање со оваа социо-економска мерка се очекуваат 550 вработувања.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски со апел до фирмите што ги исполнуваат условите да поднесат апликации во работните клубови на 30-те центри за вработување во целата држава, согласно објавениот оглас.

Кредитирањето изнесува 3.000 евра по вработено лице, со максимум износ до 9.000 евра, за три нововработени лица односно три нови работни места. Фирмата што ќе вработи лица со пари од овој проект има обврска да ги задржи на работа најмалку 36 месеци од денот на засновање на работниот однос или на нивно место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на Агенцијата за вработување. Во спротивно, ќе треба предвремено да го врати кредитот во целост.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски