Ристовска порача: ДКСК останува посветена на своите законски обврски

Од:

Новоизбраната заменик претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, порача дека институцијата останува посветена на своите законски обврски, без оглед на актуелните случувања поврзани со поранешната претседателка Татјана Димитровска.

Одговарајќи на новинарско прашање по денешната седница на ДКСК, Ристовска нагласи дека надлежните органи веќе постапуваат по случајот, а Комисијата продолжува со својата работа.

-Надлежностите согласно закон продолжуваме да ги извршуваме. Во однос на ситуацијата, веќе постапуваат надлежни органи, рече таа.

Ристовска беше избрана на 21. седница на ДКСК, а функцијата ќе ја преземе од Билјана Каракашова Шулев на 21 август, со мандат од шест месеци. Заменик претседателот на Комисијата се избира по принципот на ротација по азбучен ред.

Комисијата останува без претседател откако Димитровска поднесе оставка по обвинувањата од Обвинителството за гонење организиран криминал. Таа е обвинета за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во случајот „Адитив“, како и за компјутерски фалсификат – тест за сертификат за државна тајна положен од ревизор во нејзино име.

Собранието на 1 август донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на нов претседател. Огласот завршува денеска, а досега се пристигнати десетина кандидатури. Постапката ќе продолжи по 3 ноември, по завршување на локалните избори.

Би можело да ве интересира

Билјана Ивановска, кандидат на „Независни заедно“ за Центар заработи кривична пријава

Од денес Цвета Ристовска е нов заменик претседател на ДКСК

Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на ДКСК

Распишан е јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК

После оставката на Димитровска: На јавен оглас ќе се бира нов претседател на Антикорупциска

Горан Наумовски

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски