Ристов: Во Конче најмладите ќе останат во фокусот, ќе обезбедиме бесплатен училишен прибор за секое првоодделенче и стипендии за најдобрите ученици и студенти

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Конче, Златко Ристов на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, прво се осврна на досега сработеното во изминатите четири години.

Ристов посочи дека со чесна и посветена работа во Конче реализираше капитални проекти вредни милиони денари, како што се пречистителната станица, реконструкцијата на патишта, нови улици, водоводи и хортикултурно уредување во сите населени места.

Затоа, истакна Ристов, сега е време да се продолжи и со нови проекти, за уште посилен развој и уште подобри услови за сите генерации, при што ќе главен фокус ќе бидат младите.

„За спортот и најмладите ќе направиме реконструкција на тревната стадион со изградба на соблекувални во с. Конче, изградба на велосипедски патеки долж планината Серта вклучувајќи ги сите населени места и Конечките езера, изградба на шаховски полиња во населените места Конче и Лубница, реконструкција на културните домови во село Габревци и село Дедино. Ќе ја зголемиме поддршката во образованието каде што ќе обезбедиме бесплатен училишен прибор за секое првоодделенче, стипендии за најдобрите ученици, еднократна помош за секој ученик кој завршува основно образование, стипендии за најдобри студенти, а исто така ќе продолжиме со стипендии за нашите спортисти и претставници од Културно уметничките друштва“, рече Ристов.

Паралелно со вложувањата во најмладите, Ристов истакна дека ќе се вложува и во патната инфраструктурата, како и во водоводната и канализационата мрежа.

„Ќе изградиме потисен цевковод и резервоар за водоснабдување во с. Долни Липовиќ, реконструкција на системите за водоснабдување во населените места: Лубница, Горни Липовиќ. Дедино, Конче, Ракитец, ќе ги доизградиме системите за фекална канализација во Конче, Горни Липовиќ, Ракитец и Долни Липовиќ. Ќе се направи рехабилитација на локалниот пат Габревци-раскрсница Лакавица во должина од 6km, како и реконструкција на патот, прв дел од Пиперево до Гарван во должина од 3km“, рече Ристов, додавајќи дека за овие проекти ќе се обезбедат средства од општинскиот буџет, како и од буџетот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?