Ристов: Советниците на ДОМ ќе се залагаат за енергетски ефикасни објекти

Од:

Советниците на ДОМ ќе се заложат за намалување на сметките за струја над 50 проценти преку посебни програми за субвенционирање на индивидуалните домаќинства, истакна денеска партискиот портпарол Тони Ристов.

Тој на прес-конференција појасни дека субвенциите ќе се однесуваат на изолација и поправка на станови, како и за поставување сончеви колектори за топла санитарна вода во секое домаќинство.

– За спроведување на овие програми ќе се отворат општински канцеларии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Средствата за сите субвенции ќе се обезбедат од пакет мерки за штедење енергија на општинско ниво, рече Ристов.

Мерките, според него, ќе содржат изолација и санација на јавни објекти во општината и поставување сончеви панели и улично осветлување со ЛЕД светилки.

– ДОМ ќе предложи и формирање на Граѓански енергетски инвестициски фонд. Преку него граѓаните ќе можат да инвестираат во нивната долгорочна енергетска иднина, со минимум финанасиски средства за изградба на енергетски и топлински капацитети за да добијат бесплатна или ефтина енергија, истакна Ристов и посочи дека вакви проекти се реализираат во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија