Ристевски: Има разлика меѓу објавеното видео за Мицкоски и обезбедените материјали од СВР Скопје

Од:

Началникот на Секторот за внатрешни работи од Скопје, Ристо Ставревски на денешната прес конференција информираше дека од страна на Министерството за внатрешни работи целосно е затворена истрагата поврзана со обвинувањата за кршење на мерките поврзани со Ковид19 од страна на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од сите преземени мерки, тој истакна дека постои разлика помеѓу информациите објавени во јавноста и информациите прибавени врз основа на вештачењето. Клучниот доказ како што изјави началникот Ставревски, потврдува дека наодите се различни од перцепцијата која е создадена во јавноста.

– Комплетниот материјал е доставен до Основното јавно обвинителство кое треба да даде повеќе информации за доказниот материјал. Со оглед на фактот дека случајот со фитнес центарот „Синерџи”, доби голем публицитет во јавноста МВР во соработка со надлежното обвинителство ги обезбеди сите материјали за негово расчистување. Обезбедени се сите изјави на инволвираните, хард дисковите, изработивме фото албуми, извршивме анализа и употребивме компаративен медот за споредбеност од тоа што беше објавено и од тоа што од наша страна беше обезбедено како такво, и останати материјали со цел да ги расветлиме сите дилеми што во јавноста се наметнаа околу овој случај. Од сите преземени мерки во соработка со надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, може само да изнесеме дека постои разлика од тоа што беше презентирано во јавноста и тоа што беше обезбедено во предистражната постапка, рече началникот Ристевски.

Истовремено тој додаде дека е обезбеден и еден дополнител клучен доказ кој исто така потврдува дека е различна перцепцијата која се создаде во јавноста, но заради тајноста на доказот истиот не може да се објави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка