Ристески: Досега се пријавени повеќе од 6.000 лица за самовработување

Од:

Информативни денови за мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година денеска се одржаа во Радовиш и Гевгелија.

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески изрази задоволство од големиот интерес за мерката за самовработување, на која до Агенцијата за вработување се пристигнати пријави на повеќе до 6.000 лица. Тој се осврна и за најновата мерка која од вчера е достапна, а таа е директна помош за компаниите.

– Станува збор за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“, подмерка – Вработување и раст на правни субјекти, преку која се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средните претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Со мерката на претпријатијата им се дава грант за вработување на невработени лица, каде истата се движи од 160.000 до 220.000 денари, во зависност од целната група, а работодавачот е должен да го задржи нововработеното лице на работа од 9 до 15 месеци (во зависност од целната група). Сите заинтересирани работодавачи кои сакаат да ги искористат поволностите од оваа мерка, можат да аплицираат до Агенцијата за вработување до 4.7.2025 година – кажа Ристески.

Градоначалниците на Радовиш, Ацо Ристов, на Конче, Златко Ристов, и на општина Гевгелија, Андон Сарамандов ги поздравија мерките од Оперативниот план за вработување и искажаа задоволство од покажаниот интерес за самовработување во нивните општини. Тие упатија апел до сите компании да се запознаат со деталите од јавниот повик за Вработување и раст на правни субјекти во било која од 30-те подрачни центри за вработување на АВРМ и да аплицираат со цел да ги искористат поволностите кои се нудат.

Би можело да ве интересира

Ристески: Пријавени повеќе од 6.000 лица за самовработување

А1он

Ристески: Нема одложување на мерката за објавувањето на цените, ќе се интензивираат контролите

А1он

Ристески: Легитимна е донесената одлука на Владата за усогласување на минималната плата

Поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески доби кривична пријава

Жарко Настоски

Тренинг за менторки во рамки на проектот за (само)вработување на самохрани мајки

Наум Локоски

Марјан Рисески осуден за несовесно работење на парична и условна затворска казна

А1он