Рилковски: Вонредната седница на ДИК по „бомбата“ во вторник

Од:

Државната изборна комисија ја презакажа денешната седница на која требаше да заземе официјален став по објавувањето на изборните ”бомби” од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Актуелниот претседател на ДИК, Никола Рилковски во изјава за „Слободен печат“, вели дека нема да ги игнорира информациите што ги објавува опозицијата, а се однесуваат на изборните нерегуларности.

– Секако дека Државната изборна комисија ќе ги разгледуваа овие информации, но да почекаме да чуеме се што има опозицијата да каже, а потоа ќе свикам седница“, вели Рилковски за за „Слободен печат“.

За да се утврди дали во целост бил нарушен изборниот процес, според членовите на ДИК, треба да се направи поширока анализа.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште