Рибокрадците на Охридското Езеро не мируваат

Од:

Рибарска мрежа во должина од 50 метри и пет парчиња клен биле откриени и запленети при контролата спроведена синоќа на Охридското Езеро од страна на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.

Мрежата била пронајдена во езерото во близина на Универзитетското одморалиште, а од направената контрола е утврдено дека истата не е соодветно обележана со жиг од концесионерот „Пастрмка 2012“, односно дека се работи за алат за криволов.

Во патрола спроведена пред неколку  денови, полициските службеници кај малата плажа пред вилата „Билјана“ пронашле и одзеле уште една рибарска мрежа со должина од околу 50 метри, со улов од осумнаесет парчиња риба, и тоа десет парчиња охридски крап со вкупна тежина од 9,5 килограми и осум парчиња клен со вкупна тежина од осум килограми.

Само во текот на овој месец во слични акции Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ пронашла и запленила  вкупно 20 рибарски мрежи со вкупна должина од над еден километар, близу 30 килограми парчиња разновидна риба и повеќе примероци риболовен алат и прибор.

Согласно Законот за рибарство и аквакултура, против две лица се поднесени и соодветни прекршочни пријави.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност