Резервирани сместувачките капацитети во Дојран за 1-мај

Од:

Според информациите од туристичкото биро во Дојран,поголем дел од сместувачките капацитети во пресрет на Денот на трудот 1-ви мај, веќе се резервирани и се очекува до крајот на денот бројките двојно да се зголемат и да достигнат до околу 15.000 туристи.

Општина Дојран и јавното комунално претпријатие најавија дека во согласност со мерките и надлежностите за одржување и заштита на градското зеленило,ќе преземаат активности за превентивно дејствување во врска со заштитата од можни шумски пожари и пожари на отворен простор за време на празникот.

Тие упатија апел до граѓаните кои планираат празникот да го поминат во природа,да се воздржат од палење оган и фрлање отпадоци затоа што нивните екипи ќе вршат контрола на јавните површини при што прекршителите ќе се санкционираат со парични казни во висина од 50 до 200 евра.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Горан Наумовски

Уапсени дваесет лица, од кои еден Грк: Фатени се со дрога на фестивал во Дојран

Орце Костов

Градоначалникот на Дојран бара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“

Ана Ололовска