Револт на социјалните мрежи кон директорот на ЈСП

Од:

Закани за казнување на граѓаните кои ќе го дадат билетот на тие што влегуваат во автобус, упатени од страна на директорот на ЈСП Мишо Николов предизвикаа бура од реакции кај граѓаните на социјалните мрежи.

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје” ќе поднесе кривични пријави против групата која на Фејсбук поведена кампања за возење во автобус со искористени билети.

Мишо Николов, директор на ЈСП, вели дека ја разгледува можноста да преземе мерки против нив, со цел да го спречи евентуалното шверцување на автобуските карти.

1212

“Сега ги разгледувам можностите за поднесување кривични пријави, и тоа ќе го направам веднаш откако ќе ги најдеме лицата што го пуштија повикот на Фејсбук да се мами во автобус”, вели Николов.

2015-01-31 11.04.22

“Возачите не можат да знаат дали некој го предал веќе потрошениот билет на друг, па затоа ќе мора да има повеќе контролори. Тие ќе прават чести проверки на сите линии, за да можеме да ги откриеме патниците без исправни карти”, вели Николов.

2015-01-31 11.04.40

Граѓаните на социјалните мрежи му порачуваат на Николов дека ваквиот негов став може само да ја зголеми желбата на граѓаните да им помагаат на сиромашните.

2015-01-31 11.04.30

Можат да се забележат и коментари на социјалните мрежи кои повикуваат на ваква кампања искучиво со цел да се скратат парите кои ЈСП се повеќе непродуктивно ги троши и со нив се расфрла за панормаско тркало кое ќе го чини претпријатието повеќе од 14 милиони евра.

2015-01-31 11.04.55

Би можело да ве интересира

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели