Ревизорите открија слабости во Агенцијата за нафтени резерви: Седум години невратена позајмица на мазут

Од:

– Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил повеќе слабости и неправилности во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви при ревизијата на финансиските извештаи за 2024 година и ревизијата на усогласеноста со законската регулатива.

Во ревизорскиот извештај се наведува дека е изразено мислење без резерва во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи, но мислење со резерва за усогласеноста со законите, подзаконските акти и воспоставените политики.

Ревизорите констатирале дека Агенцијата не доставила предлог-одлука за количината и структурата на задолжителните нафтени резерви до надлежното министерство во период од неколку години. Дополнително, биле утврдени исплати на плати и надоместоци кои не биле целосно усогласени со законската регулатива, како и несоодветен начин на евидентирање на полното работно време.

Во извештајот се потсетува дека при ревизијата за 2018 година исто така било изразено мислење со резерва, а при последователната проверка било утврдено дека дел од препораките биле спроведени, дел биле во тек на реализација, додека една препорака останала неспроведена.

-Во делот „Нагласување на прашања“ обелоденети се состојби кои се однесуваат на невратена позајмица на мазут од државен орган повеќе од седум години и трајно издавање на деривати од нафтените резерви по одлуки на Влада по прогласена кризна состојба, се наведува во соопштението од ДЗР.

Ревизијата укажува и на слабости во законската регулатива, меѓу кои неуреден начин за усогласување на вредноста на залихите со соодветна методологија, правна неусогласеност околу надлежностите за одобрување на подзаконските акти меѓу Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како и неутврден мандат на директорот и постапката за именување вршител на должност во Агенцијата.

Дополнително, ревизорите констатирале дека во институцијата не е воспоставена внатрешна ревизија, што претставува слабост во системот на внатрешни контроли.

Државниот завод за ревизија наведува дека не се добиени забелешки на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор.

Би можело да ве интересира

60 проценти неисправни возила, огромни долгови и милиони дадени на ангажмани преку агенција – Ревизија во Комунална хигиена

Агенцијата за вработување нерамномерно распределила 23 милиони евра

Прегледи без термин, пропусти во наплатата и слабости во упавувањето со залихите на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

Нерешен имот, доцнење на инвестиции и спорни вработувања во МЕПСО

Катерина Ѓуровски

Пензискиот фонд доцнел и до осум месеци со уплата на задравственото осигурување за пензионерите

Катерина Ѓуровски

Сомнителни исплатни на хонорари во Академијата за судии, покажува извештајот на Ревизија

Катерина Ѓуровски