Ревизиите и ревизорите „на тапет“ пред пратениците

Од:

По трите дена пауза, пратениците повторно на работа. Ја продолжуваат 37-та седница на која треба да расправаат за Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија во 2011 година.

Пратениците треба да ги разгледаат и измените и дополнувањето на Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година и предлог одлуката за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации.

Во Собранието течат и подготовките за Надзорната расправа за начинот на трошењето на парите и ефектите од субвенциите, која е закажана за утре и за комисиската расправа за законот за бранителите, закажана за во среда.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги