Ревијална трка „Вози право, вози здраво“

Од:

Во организацијата на Стопанска банка АД – Скопје утре ќе се одржи третата ревијална трка „Вози право, вози здраво“ vol. 3. со цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето чисти транспортни средства.

Трката ќе почне во 12 часот од порта „Македонија“, каде учесниците може да си ги подигнат бројчињата или да се регистрираат за учество на пултовите веќе од 11 часот. Граѓаните можат да се пријавуваат и на линкот за регистрација https://apply.stb.com.mk/vozipravovozizdravo

Најавено е да учествуваат околу 2.000 граѓани кои се регистрирани во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинет/скирол или родители со бебе количка.

Поради обезбедување максимална заштита на учесниците и согласно законските прописи утре од 11 до 13 часот ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим долж патеката за ревијалната трка во центарот на Скопје, од порта „Македонија“ до Градски парк преку улиците „Димитрије Чуповски“, „Даме Груев“ и „Илинденска“.

Заедно собраните извозени „метри“ ќе бидат повторно преточени во донација на урбана опрема, фокусирана на развивање сообраќајна и велосипедска култура.

Во Градски парк, зад споменикот на Гоце Делчев ќе биде поставена бина на посетителите со забавни содржини, како настапот на Beta House, претстава со Тања Павловска Кочовска, ќе има игри, подароци, предизвици…

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство