Ревијална трка „Вози право, вози здраво 4“

Од:

Ревијална трка под мотото „Вози право, вози здраво 4“ денеска се одржува од 11 до 14 часот во главниот град. Манифестацијата има за цел подигнување на свеста за користење алтернативни форми за транспорт. Учесниците ќе возат велосипед, тротинет, ролерки, скироли и бебе колички.

Организатор на четвртата ревијална трка е Стопанска банка АД Скопје. Стартот на трката е од порта „Македонија“, десно долж улицата „Димитрије Чуповски“, десно по улицата „Даме Груев“ до булеварот „Илинден“, со целно место во Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на трката.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош