Mинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски и ресенскиот градоначалник Ѓоко Стрезовски денеска ќе одржат средба на која се очекува да биде постигнат договор за основање локален економско – социјален совет на Општина Ресен.
Првпат во Општина Ресен се формира локален економско – социјален совет (ЛЕСС).
Сојузот на синдикатите на Македонија на денот на трудот оваа година ја промовираше својата „Кампања за формирање локални економски-социјални совети“, а досега се основани во шест градови и тоа во Куманово, Кавадарци, Струмица, Штип, Тетово и Битола. Од ССМ информираат дека паралелно иницијативи за основање на ЛЕСС се водат и во други поголеми градови во земјата.
Цели на ЛЕСС се развој на социјалниот дијалог и унапредување на економско-социјалните права на работниците на локално ниво.