Република Северна Македонија и Република Филипини воспоставија дипломатски односи

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи и неговиот хомолог од Република Филипини, Теодоро Л. Локсин, потпишаа Заедничко комунике за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, соопшти МНР.

– Ваквиот чекор ги потврдува заложбите на Република Северна Македонија за градење пријателски односи и воспоставување партнерства и со географски оддалечени земји. Отворањето на ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји нуди дополнителни можности за промоција на економските и трговските врски, како и зајакнување на досегашната успешна соработка на мултилатерално ниво, истакна министерот Османи.

Чинот на официјализирање на пријателството меѓу Република Северна Македонија и Република Филипини, што се реализираше на 76-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк, наведуваат од МНР, претставува солидна основа за унапредување на дијалогот на сите нивоа, како и за градење на договорната рамка и развој на соработката во голем број области како културата, образованието, здравството и туризмот.

Република Филипини е 181 земја со која Република Северна Македонија има воспоставено дипломатски односи.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија