Репортери без граници: Северна Македонија на 95-то место според индексот за слобода на медиумите

Од:

Северна Македонија е на 95-то место, според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), скокајќи 14 места во однос на претходниот извештај за 2017 година.

Главна забелешка на Репортери без граници оваа година е состојбата во јавниот сервис, МРТВ, каде што Владата сѐ уште не спровела реформи.

-Иако ситуацијата се стабилизира во 2018, новата влада сѐ уште не го изменила Законот за јавниот радиодифузер, спротивно на она што го најавуваше во 2017, нагласува организацијата.

-Така што, засега, програмата на јавниот сервис продолжува да ги служи интересите на поранешната владејачка конзервативна партија, ВМРО-ДПМНЕ, стои во извештајот на Репортери без граници за оваа година.

Иако не се регистрирани напади врз новинарите во текот на минатата година во Македонија и безбедноста на новинарите бележи значителен напредок, Репортери без граници предупредуваат дека културата на неказнивост продолжува да владее во земјата.

Само два од 59 регистрирани напади врз новинари во последните години биле предмет на истрага и добиле завршница.

-Ова не го постигнува потребниот степен за да се обесхрабрат одговорните за нападите, предупредува РСФ.

Во делот на законските регулативи, организацијата за заштита на новинарите забележува дека се потребни измени во делот за клевета и пристапот до државни информации. РСФ нагласува и дека контроверзен амандман, со кој ѝ се дозволува на Државната изборна комисија да го набљудува известувањето на изборите во електронските медиуми, е усвоено без дебата и без консултации.

Конечно, Репортери без граници бараат да се посвети внимание на фактот што „високи владини функционери имаат вкоренета тенденција да им се закануваат и да ги навредуваат новинарите“.

Ова е најдобриот скор за слободата на медиумите во Македонија во последните пет години. Во регионот најдобро е рангирана Словенија , на 34-то место, БиХ е 63-та, Хрватска 64-та, Грција 65-та, Косово 75-то, Албабнија 82-ра, Србија 90-та (со пад од 14 места) Црна Гора 104-та и Бугарија 111-та.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on