Репортери без граници: Македонија на 117 место по слобода на медиумите

Од:

Во годишниот извештај на Репортери без граници, Македонија, по слободата на медиумите, се најде на 117 место од 180 земји во светот.

Во минатата година Македонија беше на 123 место, што според најновиот индекс на слободата на медиумите, е за 6 места подобро.

Во образложението се наведува дека ситуацијата со македонските медиуми во минатата година продолжила да биде лоша. Годината била обележана и со злоупотреба на законодавството за клевета, како и со политички мотивирана распределба на државните рекламирања.

Во новиот извештај се споменува затворската казна на новинарот Томислав Кежаровски, а се наведува и дека во јуни полицијата принудила неколкумина новинари да ги избришат фотографиите и видеата од протестот што го следеле.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ