Рената Тренеска-Дескоска – министер за правда

Од:

Министер за правда е Рената Тренеска-Дескоска, родена во 1972 година во Скопје. Дипломирала и магистрирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а докторирала на Правниот факултет во Љубљана во 2002 година. Тренеска-Дескоска од 1 јуни 2017 година до вчера беше министерка за образование и наука.

Од 1995 до 1998 година била демонстратор на Правниот факултет во Скопје, каде во 1999 се вработува како асистент, а во 2012 година е избрана за редовен професор на научната област уставно право и политички систем.

Избрана е за пратеник во Собранието на Република Македонија на изборите во 2014 и во 2016 година и е потпретседател на Собранието од септември 2015 до декември 2016. Од септември 2015 е шеф на делегацијата на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Член е на Парламентарното собрание на Советот на Европа и на ад хок комисиите на ПССЕ за набљудување на парламентарните избори во Бугарија и на претседателските избори во Србија кои беа одржани оваа година.

На предлог на Венецијанска комисија, Тренеска-Дескоска во 2012 година е избрана за член на Советодавниот панел на експерти за слобода на вероисповед на ОДИХР, членувала во работна група за подготовка на Националната стратегија за интеграција на Република Македонија во Европската унија (2003), а од 2004 до 2009 година била советник за уставни и правни прашања во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Во нејзината професионална кариера се вбројуваат и пракса во Судот за човекови права во Стразбур (1998), студииски престој на Универзитетот во Ајдахо, САД (2001), учества на конференции и семинари во странство. Тренеска-Дескоска е автор и на трудови од областа на правото и политичките науки објавени на англиски и на книги и статии објавени на македонски јазик.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов