Рената Младеновска нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Од:

На денешната 82-ра седница, Владата ја разреши Иринка Сотирова- Бухова од должноста в.д. директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на нејзино барање.

За в.д директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја именува Рената Младеновска.

Младеновска на оваа позиција доаѓа од Центарот за јавно здравје – Скопје каде има повеќегодишно институционално искуство како специјалист по хигиена и здравствена екологија во Одделението за хигиена со здравствена екологија.

Младеновска воедно е асистент на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ каде што е и докторанд. Таа има специјализација по хигиена со здравствена екологија на Катедрата по хигиена со здравствена екологија при Медицинскиот факултет, и завршени постдипломски студии за здравствен менаџмент.

Младеновска е авторка на повеќе публикации и презентации од областа на јавното здравје и безбедност на храна, како и менаџмент во здравството, а во соработка со повеќе меѓународни институции е активен учесник на повеќе конгреси, обуки и симпозиуми врзани со јавно-здравствена проблематика како и HACCP контролен систем за безбедност во храна.

Би можело да ве интересира

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

Орце Костов

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Затворени кујните во шест училишта во Карпош по појавата на салмонела

Инспекцијата влезе во Психијатриската болница Бардовци откако се појавија видеа со тепање пациенти

Катерина Ѓуровски