Рената Дескоска на состанокот ОБСЕ/ОДИХР во Варшава

Од:

Рената Дескоска, членка на Извршниот Одбор на СДСМ и потпретседателка на Собранието на Македонија, денеска учествува на состанокот ОБСЕ/ОДИХР во Варшава, посветен на човековите права.

Станува збор за Human Dimension Implementation Meeting (HDIM), најголемата годишна конференција за човекови права и демократија во Европа.

Дескоска е воведничар на 15-та сесија посветена на слободата на мисла, совест, вероисповед и верување. Во рамките на излагањето таа истакна дека посветеноста на државите и на меѓународната заедница се клучни за подобрување на заштитата на човековите права.

-Соочени со актуелната состојба со бегалската криза во Европа, државите и меѓународната заедница треба да обезбедат заштита на бегалците без дискриминација врз основа на нивното религиозно уверување и да им ги обезбедат човековите права кои се признаени со меѓународните документи за заштита на бегалците, рече Дескоска.

Конференција за човекови права и демократија во Европа (HDIM) ОБСЕ/ОДИХР ја организира секоја година со цел градење платформа за 57-те држави членки на ОБСЕ, цивилното општество, меѓународните организации и другите релевантни фактори, за имплементација на човековите права и заложбите за демократија на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?