Ременски: Зошто МВР нема уплатено за здравствено осигурување?

Од:

Потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, преку својот Фејсбук профил се обрати до Македонскиот полициски синдикат. Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

„Ало, Македонскиот полициски синдикат? Дали вие како синдикат или некој од МВР ќе излезе да им објасни на полицајците, бранителите, дека нивните решенија за бранител се тоалет хартија, а не документ што до пред некоја година им овозможуваше одредени бесплатни услуги во образованието и здравството!

Во здравството тие не важат повеќе!

Дали вие како синдикат или некој од МВР ќе излезе да им објасни на полицајците, зошто истото тоа МВР кое работи според Устав и закон, подолго од месец и пол, за своите вработени нема направено уплата за здравствено осигурување во Фондот за здравство т.е., немаат активирана електронска здравствена картичка!

Така што вработен во МВР доколку побара/користи здравствена услуга за себе или за своите (жена, деца), без разлика што се осигурани мора се`, ама баш се` да си плати приватно!
Молчите гласно за се! За скинати униформи, за неисплатени средства, за експресните унапредување на подобните, за експресните деградирања и дисциплинирања на неподобните, за притисоците и уцените, за застрашувањата и местенките! Но, затоа се огласија со поддршка на Буџетот за 2013 година деновите пред Црниот понеделник!

Можеби ќе се досетите дека треба да кажете нешто кога наредните месеци ќе доцни или нема да можат да исплатат плати!

Наравоучение: Купи си синдикат, ако сакаш мир во куќа!“, напиша Ременски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини

Николовски: Субвениција до 90%, повеќе за сите се и мерките за помали сметки на струја за граѓаните и компаниите

ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Коалициониот партнер на СДСМ и ДУИ го сака Хамас, се поклонува на Енвер Хоџа, молчи за онкологија

А1он