Ременски: „Тајната“ полиција го набљудува седиштето на СДСМ

Од:

Потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски на својот ФБ профил објави дека „тајната“ полиција невешто го набљудува седиштето на СДСМ за што ќе објави и фотографии.

Еве што напиша:

remenskiFB

На 6.12.2014 година во полиција и на дежурен полициски службеник во Центарот за обука на МВР, пријавив неовластено влегување во мојот кабинет. Пријавувањето го направив од четврта, игнорирајќи ги претходните влегувања. „Загрижено“ понудија увид, мислејќи дека нешто ми недостасува. Им се заблагодарив укажувајќи дека ништо не ми недостасува, туку дека пронајдов ВИШОК. Бидејќи мојот факултет оддамна нема ректор што треба да се грижи на неповредливоста на универзитетскиот простор, а и да го има нема да каже ништо, (знаејќи во каков криминал го вовлече факултетот), влегувањето го пријавив кај раководството на факултетот.

Денес, имав блиска средба и заемно фотографирање со претставници на „тајната“ полиција кои во невешто „статично и мобилно јапонско следење“ тајно го набљудуваат седиштето на СДСМ. Ме фотографираа и ги фотографирав. Следува фото албум ..

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана