Ременски му давала упатства на Боки 13 како да ги убедува бизнисмените во проектот на Меѓународниот сојуз

Од:

Пратеничката Фросина Ременски очекуваше да не се најде меѓу обвинетите во случајот Меѓународен сојуз, но, сепак, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја гони за кривичното дело измама. Ременски се најде како третоосомничена, меѓу петте имиња на физички лица во обвинението на Русковска.

Обвинителката Вилма Русковска ја товари Ременски дека го поддржувала Бојан Јовановски како првообвинет да остварува средби со оштетените бизнисмени, давајќи му упатства со цел тие да стекнат доверба во наводниот проект.

„Третообвинетата со својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за оштетените да стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите“, соопшти Обвинителството.

Ременски два дена правеше увид во доказите кои Обвинителството кои ги има против неа, а по излегувањето оттаму, посочуваше дека видела сè – освен докази. Ременски очекуваше да се запре постапката против неа. Таа остана без пасош и со забрана да го напушти Скопје како мерка на претпазливост. Обвинителството одзеде два телефона, но и компјутери и други предмети при претрес во нејзиниот дом.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боки 13 во „Меѓународен сојуз“: Измамник не враќа пари, бара земјиште, склучува договори – не сум виновен

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Ременски негира вина во „Меѓународен сојуз“, ја обвини обвинителката Трајчева за злоупотреба на службената положба

Кристијан Ландов

Адвокатот на Јовановски тврди дека се невини: Ај вие со измама земете му на Силјан Мицевски пари, да видиме дали ќе ги добиете

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Меѓународен сојуз“: Пеливанов побара Боки 13, Ременски, Ерцеговиќ и остантите да бидат осудени

Кристијан Ландов

Што кријат пораките на Боки 13 со осум високи функционери, судијката треба да одлучи дали ќе се читаат

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тензично судење за „Меѓународен сојуз”, расправии помеѓу Боки 13 и судијката за пораките од телефонот

Кристијан Ландов