Ременски до Шеќеринска: Дали антинационалната кампања на Каракачанов според НАТО стандардите е хибридна закана?

Од:

Експратеничката Фросина Ременски од СДСМ преку социјалните мрежи ја повикува министерката за одбрана Радмила Шеќеринска јавно да каже дали антинационалната кампања на бугарскиот министер за одбрана и лидер на партијата ВМРО, Красимир Каракачанов може да се класифицира како хибридна закана. Јавната реакција на Ременски доаѓа по изјавите на Каракачанов, кој го негира потеклото на македонскиот јазик, историјата ја нарекува „фалсификувана“ ѝ порача дека Бугарија нема да прави отстапки од своите ставови.

„Ќе ја праша ли некој министерката за одбрана Радмила Шеќеринска Јанковска, дали македонската антинационална кампања на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов, по НАТО стандардите може да ја класифицира како хибридна закана, односно дали разбира дека пропагандата освен за рекламирање служи и за специјална војна која во моментот се врши преку ‘историски рекет’?!“, напиша Ременски.

Во изјава за „А1он“, Ременски вели дека реакцијата е поради несериозниот третман на македонската антинационална кампања што ја води министерот за одбрана ма Бугарија Красимир Каракачанов.

„Јас ја разбирам потребата на нашиот државен врв низ фипломатски речник и меѓународна поддршка да испратат пријателска порака кон Буфарија која ни е многу потребна денес. Но, истовремено не сметам дека министри за одбрана на земји членки на НАТО не треба да разменат друг вид на внатре-НАТО комуникација за да престане оваа “специјална војна” која како хибрид се обидува да ги подведе под знак прашалник нашиот макефонски национален идентитет, македонскиот јазик и правото на национално определување на сите кои се чувствуваат Македонци тука и во Бугарија, и обратно Бугари бо Македонија и во Бугарија. Хибридните закани се токму ова што го гледаме и слушаме периодов – користење легални инструменти и механизми за пропагирање, притисок и наметнување на непринципиелни и недозволени барања. Ако сме вистински пријатели треба да се договориме да не се договориме за прашањста што не делат и оспоруваат како две посебни нации. Предолгото говорење во ракавици за овие прашања оставаат впечаток дека како членка на НАТО не умееме да ги препознаеме новите заложби на Алијансата за борба токму против овие пропагандни субверзии“, изјави Ременски.

На прашањата и коментарите од поранешната пратеничка, засега нема реакција од министерката Шеќеринска.

Бугарскиот министер Каракачанов во телевизиско интервју изјави: „Во Скопје некој си замислува дека Бугарија ќе направи отстапки поради братски чувства и солидарност. Тие сметаат и дека некој однадвор ќе изврши притисок врз Бугарија. Сепак, ова нема да се случи“.

„Ќе видиме што ќе се случи за една недела. Изборот дали ќе бидат дел од ЕУ е нивен. Нема да станат членки на Европската Унија со коминтерновско удирање по маса“, изјави Каракачанов за бугарската телевизија БТВ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски

Каракачанов: Макрон го турка светот во војна

Горан Наумовски

Радмила Шекеринска избрана за потпреседателка на Партијата на европските социјалисти

Катерина Ѓуровски

Ременски и врати на Русковска: Ве победив на суд, а писмото ви е за домашна употреба додека клеветнички го рушите угледот на државата

Кристијан Ландов