Еден од приоритетите на општина Гевгелија годинава ќе биде реконструкцијата и санацијата на сите училишта и детски градинки за чија што реализација во програмата за комунално уредување се предвидени 74 милиони денари буџетски средства, информираа денеска од општината.
– Заради подобрување на условите за настава во образовните установи, покрај доградбата на 14 нови училници во гимназијата „Јосиф Јосифовски“ за што покрај сопственото учество се обезбедени и средства од Светска банка, внимание ќе посветиме и на подрачните училишта, така што ќе биде извршена реконструкција на покривот на подрачното училиште во Моин, а ќе биде санирано и подрачното училиште во Мрзенци, велат од секторот за комунално уредување.