Рекордна заплена на Царината на девизи и злато, во вредност од еден милион евра

Од:

Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа вчера на ГП Богородица при контрола на автобус открија и запленија 262.750 долари, 155.760 евра и 12 килограми злато и златен накит со проценета вредност од околу 600.000 евра, известува Царината.

„Поради постоење сомнеж, автобусот со турски регистарски ознаки управуван од македонски државјанин, кој се движел на редовна линија Скопје – Истанбул (Турција) при излез од земјава бил упатен на детална контрола на царинскиот терминал на ГП Богородица. При прегледот е откриен специјално изработен бункер во кој се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки со неправилна форма, како и голема количина на девизи. Стоката со вредност од вкупно околу еден милион евра и автобусот се привремено задржани и предадени на Одделението за истраги во Царинската управа за понатамошна истрага“, соопштува Царината.

Со поднесување на соодветни пријави, случајот ќе биде предаден на надлежното Основно јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он