Реконструкција на водоводната мрежа кај новиот кружен тек на булеварот „Србија“

Од:

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ во текот на изминативе денови извршија реконструкција на два цевковода од водоводната мрежа со пречници од 700 и 400 милиметри кај новиот кружен тек што се формира на улицата „Христо Татарчев“ и булеварот „Србија“.

Поради реконструкцијата, информираат од Град Скопје, без вода останаа корисниците од населбите Ново Лисиче и Аеродром.

– На терен беше извршен ископ и беа поставени нови водоводни цевки и други придружни елементи. Станува збор за многу сложен зафат каков што во Скопје не е изведен во последниве 20 години. Оваа реконструкција ќе ги олесни евентуалните идни интервенции на водоводната мрежа, доколку за тоа се јави потреба, а ќе придонесе и за поквалитетно водоснабдување во овој дел на градот, соопшти Град Скопје.

Оттаму информираат дека по завршувањето на интервенцијата е нормализирано водоснабдувањето во населбите Ново Лисиче и Аеродром и упатуваат извинување до граѓаните за потешкотиите со кои се соочија поради прекинот во водоснабдувањето.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош