Реконструкција на улици во Пехчево

Од:

Асфалтирани се две улици во Пехчево со вкупна должина од околу 500 метри, а во тек е реконструкција и на улиците „Гоце Делчев“ во должина од 168 метри и на „Првомајска“ во должина од 643 метри.

Како што истакна денеска градначалникот Игор Поповски, завршени се градежните разботи за реконструкција на „Пиринска“ и „Моша Пијаде“ кои беа оштетени и на што долго време реагираа граѓаните во Пехчево.

– Успеавме во планираниот рок да ја асфалтираме улицата „ Пиринска“ во должина од 314 метри и улицата „Моша Пијаде“ која е во должина од 154 метри со што го остваруваме планот предвиден во проектот со кој треба да извршиме реконструкција на најоштетените улици во Пехчево, истакна Поповски.

Реконструкцијата на „Гоце Делчев“ и „Првомајска“, додаде, треба да заврши идниот месец по што ќе почнат активности за уште три улици: „Маршал Тито“, „Ванчо Китанов“ и „Страшо Пинџур“.

– Асфалтирањето, реконструирањето и обновувањето на сообраќајната мрежа во градот е наш приоритет. Не смееме да дозволиме граѓаните во 21. век да газат кал и да возат по лоши улици, истакна Поповски.

Проектот за реконструкција на осум улици во општината е вреден 260 илјади евра, а средствата се обезбедени преку ИПА фондовите.

Во рамки на овој проект целосно е завршена и реконструкцијата на улицата „Буковик“ во должина од 492 метра.

Би можело да ве интересира

Ја турнал партнерката низ прозорец во Центарот за социјални работи

Горан Наумовски

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“

ВИДЕО: Изгоре единственото противпожарно возило на пожарната од Пехчево

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Нов пожар кај Пехчево

Китановски: Три хеликоптери се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Пехчевско

Горан Наумовски