Реконструкција на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово

Од:

Започна асфалтирањето на улицата „Среќко Пужаљка“ во централното градско подрачје во Куманово. Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, денеска изврши увид во активностите на терен на оваа улица, каде се почитуваат препораките за заштита на работниците од топлото време, па градежните активности се спроведуваат со забавено темпо, односно со пауза од 11 до 17 часот.

– Оваа улица има историски проблеми со комуналната инфраструктура. Пред половина година направивме санација на канализацијата, потоа приклучоците и сега ја завршуваме со поставување на асфалтна подлога и тротоари, истакна Дамјановски.

Улицата „Среќко Пужаљка“ е со површина од 290 квадратни метри асфалт и 190 метри бекатон. За овој проект се одвоени средства од буџетот на општината, додека за целосна санација на улиците „Перо Чичо“ и „Перо Шварц“, ќе се одвојат финансии од ИПА проектот. Улиците кои се на површина од околу 1.500 квадратни метри е планирано да се завршат до почетокот на учебната година.

– Во процедура е и завршување на постапка за улиците „100“, „Тоде Думба“, „Тоде Мендол“ во должина од 30.000 квадратни метри, комплетна реконструкција на тие патни правци со што Куманово ќе добие една генерална убава слика во однос на постоечката и изградба на нова патна инфраструктура. Мислам дека во овој период Куманово покажува дека приоритет е реконструкција и изградба на локалните патишта, вели Дамјановски.

Проектот за изградба на нова и реконстркција на старата патна инфраструктура е планирано да заврши до септември.

Би можело да ве интересира

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри